Алфи ќе донира маски, перници и јоргани на болницата
07.04.2020 19:35
| KumanovoNews
Компанијата Алфи од Куманово, ќе донира 2500 заштитни маски, 100 перници и 100 јоргани на Општата болница Куманово.

Акцијата се организира преку Локалниот економски социјален совет (ЛЕСC) Куманово, кој функционира при Општина Куманово.
- Да покажеме општествена одговорност во овие тешки моменти, следејќи го примерот на Алфи Би Компани/ Алфи Техноцентар и сите заедно да помогнеме. Да донираме и да покажеме дека само сите заедно можеме да излеземе како победници во оваа борба, - изјави Ненад Стојановски, секретар на ЛЕСС Куманово.
Минатата недела Локалниот совет обезбеди донација за ранливите категории граѓани.