Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Алијанса на Албанците едногласно одлучи да оди во опозиција, соопшти лидерот и министер за здравство Арбен Таравари по состанокот во Тетово со највисоките органи на партијата.
„Минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години и за тоа сме многу горди. Но промените што ги ветивме, за жал не ги испорачавме. И за тоа секојдневно граѓаните нѐ критикуваат. Затоа ние одлучивме да се вратиме кај граѓанинот. Да побараме од нив доверба во октомври за локалните избори. Со ‘Вреди’ се обидувавме околу шест недели да изнајдеме начин за меѓусебна поддршка за кандидатите за градоначалници. Но, не успеавме во тоа и денеска констатираме дека доколку има недоверба во тие што се членови на Владата, доколку има конспирации и секакви сомнежи, немаме што да бараме таму. Едноставно подобро е да бидеме надвор и да се вратиме кај граѓанинот“, кажа Таравари.
Таравари кажа дека има огромно незадоволство од Албанците за тоа како владее „Вреди“ во оваа Влада, особено околу Законот за правична застапеност.
Алијанса за Албанците има 2 министерски места – Таравари за здравство и Арбен Фетаи е вицепремиер и министер за добро владеење – и 6 пратеници во Собранието.
Алијанса за Албанците е во коалиција со ЗНАМи ВМРО-ДПМНЕ и на локално нив. Има еден советник и директор на ЈП „Пазариште“.