Алжирец украл пежо од кумановец, полицијата го нашла во Саса
13.05.2020 15:52
| KumanovoNews
Вчера во 18 часот од страна на полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица, во село Саса лишен е од слобода О.Н.(24) од Алжир.

Тој украл патничко моторно возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, кое во СВР Куманово истиот ден било пријавено за одземено.
О.Н. е предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка, а возило е вратено на сопственикот.