Американка пружа психолошка помош на жртви на насилство
Неколку жени, жртви на насилство од Куманово изминативе денови се сретнаа со трауматолог од Америка, при што добија стручна психолошка помош.

Ова е првпат жените кои долги години трпат насилство бесплатно да добијат стручна помош и совети.
- Вклучивме три жени, две од Куманово и една од приградска населба. Жените беа презадоволни и се надеваме дека следната година ќе можеме да вклучиме повеќе жртви на насилство. Тие имаат деца, живеат со сопрузите од кои трпат насилство и првпат им се пружа ваква психолошка помош од врвно лице - рече Виолета Петровска, претседател на “Кумановка“, која ја организираше средбата.
Таа вели дека во Куманово треба да се отвори Шелтер центар каде ќе бидат згрижени жените жртви на насилство.