Мени

Ангажирани 20 сезонски пожарникари

30.05.2015 10:12 | KumanovoNews

Во Територијалната противпожарна единица Куманово се ангажирани 20 сезонски пожарникари за претстојниот летен период.

Ангажирани 20 сезонски пожарникари

Од понеделник овие луѓе веќе ќе бидат на работа и ќе работат за период од три месеци.

“Договорите им се на три месеци, но ако има потреба и понатаму ќе бидат ангажирани. Однапред не може да се предвиди. Ако има зголемен број на пожари и малку врнежи ќе има потреба повеќе време да работат, но ако бидат временските услови како лани нема да има потреба“ - вели Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.

Заедно со сезонските пожарникари ТППЕ Куманово сега има 51 вработен и 8 исправни возила, како и една лада нива.