Анкета за вклученост на младите во развој на заедницата
22.06.2021 07:28
| KumanovoNews
Анкетниот прашалник има за цел да покаже колку младите се вклучени во креирањето на политики за развој на локалната заедница. Преку овој прашалник ќе се лоцираат приоритетите и потребите на младите во Куманово, по што ќе се работи на нивно решавање. Затоа ги повикуваме сите млади луѓе до 26 години да дадат свој придонес во истражувањето и да го споделат своето мислење за оваа многу значајна тема.
