Антон Витковски прв човек на СВР Куманово?
16.01.2020 08:16
| KumanovoNews
Антон Витковски, поранешен командир на Полициска станица од општа надлежност во Куманово, најверојатно ќе биде новиот началник на СВР Куманово. Тој ќе биде назначен на предлог на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев.
Витковски ќе дојде на местото на Стојанче Величковиќ, кој ќе му биде заменик и ќе има врзан потпис со новиот раководител.
Неофицијално од СВР Куманово велат дека сосема е извесно дека Витковски ќе биде новиот началник, но се` уште нема стигнато никаков допис за негово назначување.
Министерот Чулев минатата недела смени 13 началници и раководители во МВР, останаа уште првите луѓе на СВР Куманово и на СВР Тетово.