Ариф Љатифи нов директор на Центарот за јавно здравје Куманово
07.08.2017 08:21
| KumanovoNews
Досегашниот директор на Општата болница Куманово Ариф Љатифи од ДУИ, во иднина ќе раководи со Центарот за јавно здравје во Куманово.

Љатифи доаѓа на местото на досегашниот директор Глигор Манов од ВМРО-ДПМНЕ.
Назначувањето на Љатифи е во последниот бран смени на 47 нови директори во јавни здравствени установи во државата.