×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Асани: Ако не се почитуваат мерките за КОВИД-19 полицијата да казнува

    31.05.2020 20:49 | KumanovoNews

     Претседателот на Здружението на матични лекари во Куманово, др. Фатмир Асани ги повикува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, бидејќи кризата се` уште не е завршена, во спортивно бара надлежните институции да ги казнат несовесните граѓани кои со свото однесување придонесуваат вирусот да се шири.

    Асани: Ако не се почитуваат мерките за КОВИД-19 полицијата да казнува

    62 нови случаи на инфекција со коронавирус денеска беа потврдени во Република Северна Македонија. Мерките за заштита од вирусот КОВИД-19, речиси не се почитуваат никаде, во рестораните, продавниците, религиозните објекти, но и во парковите и на шеталиштата. Бројот на заразени лица можеше да биде значително помал доколку се применуваат физичките и социјални мерки за растојание, со правилно користење маски. Ако продолжи не придржувањето кон препораките, тогаш со право, некои од мерките за спречување на ширењето на инфекција треба да се вратат. Значи, сите продавници, маркети и други институциии што започнаа да работат, мора да ја извршуваат својата активност во согласност со мерките за јавно здравје и препораките што важат на државно ниво.

    Друг фактор што влијае врз здравјето на многу луѓе, кои се познати како „метеоропати“, е променливото време. Коронавирусот припаѓа во групата вируси кој рапидно се шири, па така целата промена на временските услови е на штета на оние лица погодени од овие промени.

    Со цел да се ублажи можноста за ширење на епидемијата, на прво место, полицијата и инспекторатите, треба да ги казнува оние лица кои не ги почитуваат мерките за социјално растојание и употреба на маски. За тоа да се случи, полицијата мора да биде наградена за секоја изречена казна од неодговорни лица кои со своето непримерно однесување сериозно му штетат на здравјето на другите граѓани. Полициските службеници дури треба да казнуваат кога ќе забележат ракување или прегратки. Но, доколку полицијата не ја почитува својата должност, или во случај на нејзин селективен пристап таа треба да биде казнета од строги законски санкции до отказ. За таа цел, внатрешната полициска контрола мора да биде поактивна за контрлирање и испитување на работата на полициските службеници на терен. Ова е со единствена цел да не се прават исклучоци. Со тоа ќе се намали зачестеноста на болеста кај популацијата, а со зајакнување на контролата ширењето на коронавирусот ќе биде многу мало.

    Покрај другите недостатоци, треба да се спомене и здравствениот систем. Сите нивоа на оваа грижа мора да функционираат во оваа нова нормалност. Занемарувањето на пациентот и негрижита за него е неприфатливо. Сите треба да се навикнеме да живееме со вирусот КОВИД-19. Ова покажува дека ние како општество мораме да бидеме свесни дека од сега ќе живееме во други услови. Речиси сите активности во иднина ќе бидат во согласност со новите правила на пандемиското време на коронавирус.

    Во меѓувреме, бидејќи се превземени многу активности за олеснување на движењето мора да се укине и забраната за движење на граѓаните преку граничните премини, која што се` уште е на сила. На граѓаните треба да им се даде можност да се вратат во својата татковина, а за тоа треба да се отворат границите како што го направија повеќето земји во регионот, со почитување на мерките против ширење на пандемијата без потреба од задолжително терстирање на КОВИД-19 и 14 дневен карантин.  

     Д-р. Фатмир Асани