Атлетичарите од “Куманово“ со бројни медали во Охрид
09.06.2015 08:44
| KumanovoNews
Осум атлетичари од атлетски клуб “Куманово“ минатата недела на Државно првенство во атлетика во Охрид освоија вкупно 15 медали.
“Најуспешна меѓу нив со 2 златни медали беше Матеја Ефремовска, а голем успех забележа и младиот 15-годишен Милан Вељковиќ, кој не само што успеа да се закити со 2 бронзени медали во трки со 3-4 години постари атлетичари, туку успеа да направи државен рекорд за пионери на трката од 400м со резултат 52.73 секунди. Ова е негов 3 државен рекорд во изминативе 4 недели. Атлетски клуб “Куманово“ имаше одличен успех и на сите претходни првенства што се одржаа изминативе недели“ - вели тренерот Филип Колевски.
Рекорден успех клубот имаше на Државното пионерско првенство со 20 индивидуални медали.

