„Ауди“ со бугарски таблички удри во пешак
19.11.2019 10:21
| KumanovoNews
На регионалниот пат Свети Николе – Куманово, завчера во 17.30 часот, патничко моторно возило „ауди“, со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.И.(44) од Куманово, удрило во пешакот Д.Т.(51) од Куманово.

Во незгодата, Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Куманово.