Авганистанец со прострелна рана во ногата пронајден покрај патот Куманово - Табановце
27.05.2020 18:56
| KumanovoNews
Во СВР Куманово вчера попладне било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Табановце има лице кое лежи покрај патот.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за лице мигрант од Авганистан на возраст од околу 15 години, кој имал повреди на ногата.
Тој бил пренесен во Општата болница Куманово каде му била констатирана прострелна рана во десна потколеница и му била укажана лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.