×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Августовските пензии ќе се исплаќаат од 26 август во четири групи

    18.08.2020 20:25 | KumanovoNews

     Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за август 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до вторник, 25.08.2020 година, а им препорача на деловните банки од среда, 26.08.2020 година да обезбедат пензионерите со августовските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

    Августовските пензии ќе се исплаќаат од 26 август во четири групи

    Во заклучоците во врска со исплатата на пензиите за август 2020 година, им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

    Во среда, на 26.08.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

    Во четврток, на 27.08.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

    Во понеделник, на 31.08.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

    Во вторник, на 01.09.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

    Владата го задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, и им препорача на деловните банки да обезбедат други дополнителни редовни  исплати за корисниците на пензии кои се префрлени од Еуростандард Банка АД Скопје во другите деловни банки, со цел истите да може да располагаат со августовските пензии на 07.09.2020, 14.09.2020 и 25.09.2020 година, за оние корисници на пензиите кои досега ги користеа услугите на Еуростандард Банка АД и кои до 25 август нема да успеат да отворат трансакциони сметки во другите банки.

    Владата на оваа своја седница ги прифати заклучоците на Министерство за труд и социјална политика редовната исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства за август 2020 година да се врши во 3 групи (во деновите 2-ри, 3-ти и 4-ти септември), a дополнителнa исплата ќе се врши на 11, 18 и 25 септември 2020 година, при што податоците за корисниците од банките до Министерството за труд и социјална политика ќе бидат доставени на 7, 14 и 21 септември 2020 година.