Авио прскање против комарци во Куманово
13.06.2014 10:49
| KumanovoNews
Во градското подрачје на општина Куманово во понеделник во раните утрински часови ќе се изврши авионско праскање против комарци, информираат од општината.

Пчеларите треба да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај да не се изврши авионско прскање поради лошите временски услови, истото се одложува за наредниот ден.