Авионско прскање против комарци во Куманово
17.07.2017 14:38
| KumanovoNews
Во среда во раните утрински часови ќе се изврши авионско прскање против комарци на територијата на Општина Куманово.

„Се известуваат пчеларите, да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолните временски услови, истото се одложува за наредниот ден, - соопштуваат од Општината.
Ова ќе биде прво прскање против комарци годинава.