Авионско прскање против комарци во Куманово
02.07.2021 13:19
| KumanovoNews
Во понеделник во раните утрински часови ќе се изврши авионско прскање против комарци на територија на Општина Куманово.

„Се известуваат пчеларите да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај на неповолни временски услови, истото се одложува за наредниот ден“, соопштуваат од Општина Куманово.