×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Авто собир ќе се одржи на 1 јуни на Аџитепе во Куманово

    21.05.2024 08:52 | Теодора Стоевска

    На спортскиот аеродром Аџитепе на 1 јуни, сабота, ќе се одржи собир на автомобили, на кој се очекува да бидат претставени од 300 до 500 автомобили.

    Авто собир ќе се одржи на 1 јуни на Аџитепе во Куманово

    Mанифестацијата се организира за прв пат, во соработка на Тјунингславиа (Tuningslavia) и клубот  Илегал Хантерс (Illegal Hunters) од Куманово, а на настанот ќе бидат присутни гости од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија.

    Љубителите на автомобили ќе можат да уживаат во богата програма на различни видови тјунирани автомобили, олд- тајмери, луксузни автомобили, проследена со музика од локален Ди џеј, хостеси, добра храна и пијалаци.

    „Авто собирот ќе има и натпреварувачки карактер во преку 15 натпреварувачки категории, лимбо натпреварување, држење на бандажи во раце, а победниците ќе бидат наградени со пехари. Ќе има и дрифтање на посебно обележан простор“, истакнаа организаторите Јовица Шајо, Марио и Роберто.

    Учеството со автомобил ќе се плаќа по 300 денари, а влезот за публиката е бесплатен. Собирот ќе биде максимално обезбеден од страна на организаторите со полицијата и приватно обезбедување.