Aвтомобил излетал од патот Куманово - Паланка, тројца повредени
21.02.2020 09:54
| KumanovoNews
Три лица се повредено во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово- Крива паланка, во селото Руѓинце.
Сообраќајката се случила вчера во 16.10 часот на мaгистралниот пат Крива Паланка - Куманово, во атар на с.Ругинце, кога патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(36) од Куманово, излетало од патот и се превртело.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките С.С.(41) и Н.Ј.(56), двете од Куманово, а со телесни повреди се здобила Е.Ј., по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

