Автомобил се превртел на автопатот , повредена жена
Жена е тешко повредена на автопатот Куманово-Табановце вчера кога „мерцедес“ излетал од патот за да не удри куче .
Како што информираат од СВР Куманово, во сообраќајната незгода со потешки повреди се здобила сопатничката во автомобилот С.И.(65) додека со полесни поврди поминал 43-годишниот возач на патничко моторно возило марка „Мерцедес” со кумановски регистарски ознаки кој се движел од границата кон Куманово.
До незгодата дошло кога куче истрчало на автопатот, а во обид да го избегне, возачот удрил во банкините. Со возило на Итна помош повредените се пренесени во кумановската болница.
Увид на лице место изврши екипи на СВР Куманово.