Автомобил удри жена во центарот на Куманово
24.07.2021 11:30
| Сузана Николиќ
Четириесет и шестгодишна жена е повредена, откако во неа удрил автомобил на ул. „11 Октомври“ во центарот на Куманово.

Сообраќајната незгода се случила вчера во 16.10 часот, кога патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Л.Н.(45) од с.Велешта, струшко, удрило во Н.Н.(46) од с.Табановце, кумановско.
Во незгодата, Н.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
(фото. архива)