Бадник е неработен ден за православните граѓани
04.01.2024 13:25
| Сузана Николиќ
Сабота, 6 јануари 2024 година, Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.

„Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ", бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2024 година (сабота), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија“, соопштува МТСП.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.