×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бакарот од спортската сала е продаден за 141.000 евра, парите се искористени за инфраструктурни проекти

    28.03.2024 16:13 | Оливера Пешевска

    За 8.7 милиони денари или 141.400 евра е продаден бакарот кој беше изваден од покривот на Спортската сала во Куманово. Според информацијата од Општина Куманово продадени се 17,364 тони бакар, по реална цена во моментот на продажбата, а тоа е април 2022 година.

    Бакарот од спортската сала е продаден за 141.000 евра, парите се искористени за инфраструктурни проекти

    Добиените средства се искористени во програмата за инфраструктурни развојни проекти во минатата година.

    „Средствата од продажба на бакар се пренесени во буџетот на општина Куманово за 2023 година, вградени се и планирани во развојната програма на Општината за 2023 година, за изградба на инфраструктура во град Куманово“, стои во одговорот добиен од општинските служби, на прашањето на Кумановоњуз.

    Бакарните плочи биле продадени на електронско јавно наддавање и како најповолен понудувач со постигната највисока цена е Заштитно друштво за собирање и примарна преработка на отпадоци “ОТПАД“ ДОЕЛ Охрид.

    „Постапката за отуѓување е спроведена преку комисија формирана од страна на градоначалникот Максим Димитривски, по пат на електронско јавно наддавање на кое учествувале четири понудувачи. Почетната цена била поставена на речиси 7 милиони денари, но фирмата од Охрид понудила највисока цена од 8,7 милиони денари, која претставува и продажна цена“, велат од Општина Куманово.

    За реконструкција и внатрешно уредување на Спортската сала во Куманово, од почетокот на реконструкцијата во 2021 година досега се потршени околу 1 милион евра државни и општински пари, а потребни се уште толку за да таа биде целосно  завршена.

    Надлежните најавуваат дека во 2024 година ќе заврши реконструкцијата и реновирањето, интервенции кои се спроведуваат  2,5  години.