×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Банките со известувања за издавање на домашната платежна картичка

    13.06.2020 08:59 | KumanovoNews

    Сите банки коишто се вклучeни во издавање на домашни платежни картички, согласно владината Уредба со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници, ги објавија известувањата за начинот на изработка и нивно подигање.

    Банките со известувања за издавање на домашната платежна картичка

    За картичките не се аплицира и не се поднесува никакво барање. Корисниците на оваа финансиска поддршка, најпрво треба да се информираат на интернет страната www.kupuvamdomasno.gov.mk од која банка ќе ја добијат картичката, како и за тоа за кој износ на финансиска поддршка се квалификуваат, а потоа информацитте да ги следат на веб страните на банките, да се обратат на телефонските броеви или да ги посетат нивните експозитури, зависно од протоколите на банките.

    Најдоцна до 18.07.2020 година, банката ќе ги изработат и дистрибуираат картичките во соодветната експозитура или филијала, со цел истите да може да се подигнат од страна на корисниците.

    Со цел да помогнеме на граѓаните ги објавуваме информациите коишто ги објавија банките  на своите сајтови, за издавање на домашна платежна картичка.

    КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

    Комерцијална банка во Куманово ќе започне со издавање на платежни картички на 18 јуни во експозитурата на банката во поранешен „Туш маркет“. Издавањето ќе се врши секој работен ден од 8 до 20 часот, а во сабота од 8 до 14 часот.  Кога картичката ќе биде изработена и за тоа каде може да се подигне, банката ќе ги известува корисниците по телефон или на Интернет банка или мБанка. Оние корисници кои го смениле својот телефонски број, треба да ја посетат банката за да им се ажурираат податоците.

    СТОПАНСКА БАНКА

    Наскоро ќе биде објавен формулар преку кој лицата што се распоредени за издавање на домашна картичка преку Стопанска банка ќе можат да проверат (со својот ЕМБГ) на кој датум, во која филијала и во кој термин картичката ќе биде достапна за преземање. За оваа цел, на клиентите што имаат пријавено мобилен телефон во Банката, ќе им биде испратен и СМС со терминот и со филијалата за подигнување на картичката.

    Клиентите кои немаат интернет пристап, терминот и филијалата определени за подигнување на нивната картичка ќе можат да ги проверат во 24/7 контакт центарот на (02)3100109.

    ШПАРКАСЕ БАНКА

    Корисниците на Шпаркасе банка, треба да го отворат линкот https://bit.ly/3cQm3T5, кој откако во полето „провери“ ќе го впишат својот матичен број, ќе можат да видат во која експозитура ќе биде издадена нивната домашна платежна картичка.

    Корисниците кои немаат пристап до интернет, информациите можат да ги добијат и преку контакт центарот на телефонскиот број 02/3200-600, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

    Воедно, банката дополнително ќе објави информација за датумот од кој картичката ќе биде достапна за преземање од страна на клиентите во една од експозитурите на банката.

    НЛБ БАНКА

    Домашната платежна картичка, од страна на НЛБ Банка, ќе им биде доставена на адресата на граѓаните која тие ќе ја напишат пополнувајќи ја во електронската форма на линкот https://domashnakarticka.nlbtb.com.mk/, или пак на адресата која банката ја има како податок согласно листите на корисници на финансиска поддршка. Откако ќе се направи електронската апликација на меил стигнува потврдата. Картичката ќе им биде доставена на граѓаните неколку работни дена по пополнување на електронската форма.

    ХАЛК БАНКА

    Корисниците на финансиска поддршка на Халкбанк АД Скопје доколку ги немаат ажурирано податоците да ја контактираат банката преку контакт центарот  24/7 на телефонскиот број 02/3296-330  или да ја посетат најблиската филијала за да го извршат ажурирањето.

     Халкбанк АД Скопје кога ќе ја изработи домашната платежна картичка ќе им достави СМС порака со информација каде можат да си ја подигнат домашната платежна картичка од филијалата во која ќе им биде доставена.

    УНИ БАНКА

    УНИБанка АД Скопје, во периодот од 18.07.2020 година, ќе ги издава домашните платежни картички преку своите експозитури. Картичките ќе бидат распределени по експозитури согласно податокот за адреса на корисникот на финансиска поддршка доставен од страна на Владата на РСМ. На следниот линк (http://www.unibank.mk/categories/view/296) може да ги видите локациите и работното време на експозитурите на УНИБанка АД Скопје низ Република Северна Македонија.

    ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА

     Централна кооперативна банка АД Скопје, ќе ги издава домашните платежни картички преку своите експозитури во градовите согласно податокот за адреса на корисникот на финансиска поддршка. Банката ќе ве исконтактира кога картичката ќе биде изработена и може да ја подигнете. На следниот линк можете да ги видите локациите и работното време на експозитурите на Банката www.ccbank.mk ;

    СИЛК РОУД БАНКА

    За Силк Роуд Банка, информацијата од каде треба да ја подигнат картичката може да ја добијат на телефонскиот број 02/3203-555, или пак во некоја од експозитурите на Банкатa;

    ОХРИДСКА БАНКА

    Охридска банка информира дека информацијата за картичката може да ја добијат на телефонскиот број на контакт центарот на банката 02 15 050, или пак во некоја од експозитурите на банката. Клиентите на кои банката им отвори трансакциска сметка за оваа намена, информацијата за местото на подигнување на картичката може да ја добијат на телефонскиот број на Контакт центарот на банката 02 15 050;

    Средствата на домашната платежна картичка можете да ги користите со ограничена употреба, најдоцна до 15- ти август 2020 година. Истите можете да ги користите за безготовински плаќања при купување на домашни производи и услуги кои ќе бидат обележани со ознаката „КУПУВАМ ДОМАШНО”, како и при онлајн купување на домашни производи кои ќе бидат јасно издвоени од останатите