Барале 600 евра на мигранти за да ги пренесат преку граница
24.12.2019 10:02
| KumanovoNews
Пакистанци правеле бизнис во Липковско, пренесувајќи мигранти преку граница со Србија.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 25-годишниот M.A. и 26-годишниот A.M., двајцата од Пакистан, поради постоење основи на сомнение дека на 18.12.2019 во помошна просторија во село Ваксинце, општина Липково, физички нападнале група мигранти и им барале надоместок за превоз, ноќевање, како и поминување на границата со Република Србија за сума од 600 евра по лице.
По пристигнување на полициски службеници, мигрантите биле преместени во Транзитен центар во село Табановце.