„Бегалка“ повторно во Театар Куманово
Претставата „Бегалка“, по текст на Васил Иљоски, а во режија на Ѓорѓи Ризески, повторно ќе биде прикажана пред кумановската публика, во среда, со почеток во 20.30 часот во Театар Куманово.

„Бегалка“ во Кумановскиот театар се игра по 50 години и предизвика големо внимание.
„Може ли таква култна претстава да се погледне и од друг, комичен агол? Отвора ли генијалниот текст можности за ново видување на семејните релации, општествените односи, љубовните проблеми на ликовите?",- се само дел од прашањата кои ги отвора претставата, низ призмата на режисерот Ѓорѓи Ризевски.
Во претставата играат: Тони Михајловски, Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Владанка Димковска, Александра Михајловска, Нина Максимова, Антонио Димитриевски, Дубравка Киселички, Владо Дојчиноски, Жарко Јовановиќ, Мирослав Петковиќ, Љупчо Хаџи Стојанов и Мишо Димитријевски.
Претходно, "Бегалка" премиерно беше прикажана пред кумановската публика, во рамките на овогодинешните Денови на комедија и предизвика огромна заинтересираност.