×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините и дизелот поскапуваат од 2,5 до 3 денари

    26.05.2020 13:07 | KumanovoNews

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 8,50 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати од минатата неделa.

    Бензините и дизелот поскапуваат од 2,5 до 3 денари

    Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 3,00 ден/лит и ќе изнесува 57,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 денари за литар и со тоа малопродажните цени ќе изнесуваат: 59,50 ден/лит за Еуросупер БС-98, а Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 37,50 ден/лит.

    Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,929 ден/кг и ќе изнесува 23,427 ден/кг.