Бензините од ноќеска поскапи за 2 денари, дизелот за 3,5 денари

03.08.2021 14:08 | Сузана Николиќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто во однос на предходната одлука.

Бензините од ноќеска поскапи за 2 денари, дизелот за 3,5 денари

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 3 и пол денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1 и пол денари за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,101 денар/килограм и сега ќе изнесува 37,981 денари за килограм.

Од ноќеска бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 73 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 75 денари за литар. Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе можат да се набават по цена од 63,50 денари за литар.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk