×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините поевтини за два, дизелот за еден и пол денар

    09.03.2020 10:21 | KumanovoNews

    Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за два денари, а на дизелот и екстра лесното за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

    Бензините поевтини за два, дизелот за еден и пол денар

    Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 64 денари, дизелот ќе се продава по 54,50 денари, додека литар Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 43,50 денари.

    За 1,495 денари поевтинува и мазутот и еден килограм ќе се продава за 28,8 денари за килограм.

    Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 6,30 отсто, кај дизелот намалувањето е во просек за околу 3,24 отсто, кај екстра лесното масло има намалување во просек за околу 3,55 отсто мазутот е намален во просек за околу 4,23 отсто. Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е намален за два отсто.