×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините поевтини за три, а дизелот за 2,5 денари по литар

    02.03.2020 11:18 | KumanovoNews

    Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за три, а дизел горивата за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

    Бензините поевтини за три, а дизелот за 2,5 денари по литар

    Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 64, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 66 денари. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 56, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 45 денари.

    За 3,175 денари поевтинува и мазутот М-1 НС, и еден килограм ќе чини 30,390 денари.

    Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 10,40%, кај дизелот за 9,63%, кај екстра лесното масло за 9,47%, а кај мазутот за околу 12,01%. Во исто време курсот на денарот во однос на доларот е намален за 0,35%.