×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините поевтинуваат за 1,5 денар, дизелот за половина денар

    20.07.2020 11:29 | KumanovoNews

    Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,61%, во однос на досегашните.

    Бензините поевтинуваат за 1,5 денар, дизелот за половина денар

    Од вечерва на полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС- 98, се намалуваат за 1,50 денар по литар. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,00 ден/лит.

    Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се намалуваат за 0,50 денар по литар. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 53,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 52,50 ден/лит.

    Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,370 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,215 ден/кг.