Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар
11.01.2021 13:23
| KumanovoNews
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од вечерва на полноќ се зголеуваат цените на горивата во просек од околу 1,64 денари.
Согласно донесената одлука, малопродажната цена на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар за литар. Од ноќеска, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цела од 62 денари за литар, а пак Еуросупер БС-98 за 63,5 денари за литар. Додека пак малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар за литар, со што Еуродизелот ќе изнесува 53,5 денари за литар.
Цената на мазутот ќе изнесува 29,651 денар за литар.

