Бензинот ќе поскапи, дизелот поевтин за половина денар
Од вечерва по полноќ бензинот од 95 октани ќе поскапи за 1,5 денари за литар, додека цената на бензинот од 98 октани ќе се зголеми за 2 денари. За половина денар по литар ќе се намали цената на дизел горивото.

Цената на нафтата за домаќинствата не се менува, додека пониска ќе биде цената на мазутот.
Регулаторната комисија за енергетика наведува дека по полноќ, од 8.11.2022 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС - 95 94,00 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС - 98 96,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 98,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,995 (денари/килограм