×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензинот поевтинува за половина денар, дизелот за денар

    02.11.2020 15:38 | KumanovoNews

     Бензините од полноќ поевтинуваат за половина денар, а дизелот и Есктра лесното масло за домаќинство за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетикa.

    Бензинот поевтинува за половина денар, дизелот за денар

    Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 58 денари, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 60 денари за литар. Дизелот од полноќ ќе се продава по цена од 49,5 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по 49 денари.

    Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,107 ден по килограм и ќе изнесува 25,831 ден по килограм.

    Поевтинувањето се должи на намалувањето на нафтените деривати на светските пазари во изминатиот седумдневен период.