Мени

Бесплатен интернет на Градскиот плоштад во Куманово

11.03.2026 13:40 | KumanovoNews

Граѓаните и посетителите од денеска можат да користат бесплатна Wi-Fi мрежа на Градскиот плоштад во Куманово.

Бесплатен интернет на Градскиот плоштад во Куманово

Како што соопштува Општина Куманово, со проектот се добива сеопфатен пакет кој вклучува опрема, инсталација, поврзување и одржување на Wi-Fi мрежата, со што се обезбедува и непосреден ефект и долгорочна одржливост. 

„Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет во градовите низ државата и во регионот на Западен Балкан. Куманово е една од општините кои ќе добијат WiFi4WB мрежа, по примерот на европската програма WiFi4EU, преку која е обезбеден бесплатен јавен интернет на повеќе од 7.000 локации во земјите членки на Европската Унија“, соопшти Општина Куманово.

Безжичната мрежа е поставена во рамките на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ), како дел од проектот EU4Digital.