×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање
  • Политички маркетинг

  • Бесплатен паркинг и уредени зелени површини на „Октомвриска“, најави Димитриевски

    29.10.2025 16:11 | KumanovoNews

    Кандидатот за градоначалник на Куманово од ЗНАМ, Максим Димитриевски,  најави уредување на јавниот простор и зачувување на зеленилото кај комплексот згради на булеварот „Октомвриска револуција“, на потегот кај „Мај маркет“.

    Бесплатен паркинг и уредени зелени површини на „Октомвриска“, најави Димитриевски

     „Во следниот мандат сите партерни содржини околу вашите згради ќе бидат уредени, воедно ќе бидат проширени сите постоечки паркинг простори, уредно обележани, составен дел на втората зона за паркирање којашто ќе биде целосно бесплатна за сите вас коишто сте со место на живеење,“ изјави Димитриевски.

    Тој најави дека дека сите зелени површини, вклучувајќи го и „Ореов лад“, ќе бидат задржани со акцент дека нема да дозволам урбанизација на таа содржина.

    „На таа локација ќе се изгради нова детска градинка и дополнително нови зелени површини, бидејќи сметам дека Куманово не заслужува таков тип на градби, особено во централно градско подрачје,“ истакна Димитриевски.