Бесплатен паркинг за лицата со хендикеп
За да користат бесплатен паркинг, лицата со хендикеп треба да поднесат барања во јавното претпријатије “Куманово - паркинг“.

“За да бесплатно се паркираат на територија на цела општина Куманово, треба да поднесат барање кај нас и во законот има точно пропишани дијагнози на кого ќе му биде дозволена услугата. Никого не враќаме, ги примаме барањата. Имаме комисија која ќе ги разгледа барањата, а ако не може да одлучи има специјална комисија од доктори која ќе донесе одлука“ - рече Фадиљ Шабани, директор на “Куманово - паркинг“.
Шабани вели дека во текот на 2014 година, во Куманово 187 хендикепирани лица користеле бесплатен паркинг простор.