Бесплатен превоз до местата за пошумување
02.12.2014 09:48
| KumanovoNews
За граѓаните кои сакаат да се вклучат во акцијата “Ден на дрвото“, утре во 9 и во 11 часот ќе има бесплатен автобуски превоз од пред хотел Кристал.

Акцијата “Ден на дрвото“ овој пат е под мотото “Стоп за катастрофите“.
“Средношколците ќе пошумуваат во Макреш, а основците ќе ги чистат училишните дворови, ќе организираат активности на ниво на училиште. Градоначалникот Зоран Дамјановски заедно со учениците од “11 Октомври„ во 9 часот ќе засади дрвца во Стариот градски парк“ - велат од одделение за животна средина во општина Куманово.
Во кумановско и липковско ќе бидат засадени околу 800.000 нови садници.