Бесплатен влез во Кумановскиот музеј за 8 Септември
По повод Денот на независноста - 8 Септември, граѓаните на Куманово ќе можат утре бесплатно да ги посетат поставката во Музеј Куманово, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и Мегалитската опсерваторија во Кокино.

„Ваквата пракса е воведена минатата година, па и сега за одбележување на Денот на независноста ќе има беспалтен влез на три локации на Музеј Куманово.Во Меморијалниот центар АСНОМ и во Музеј Куманово ќе има и водачи кои ќе бидат на услуга на посетителите“, изјави директорката Марија Миљуш Божурска.
Освен во Куманово со бесплатен влез ќе бидат и други културни установи, музеи и галерии и археолошки локалитети во сите градови на Македонија.