×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бесплатна ќе биде замената на возачките и сообраќајни дозволи, нема да се плаќаат ни патните карти во амбасадите

    13.02.2024 16:11 | KumanovoNews

    Замената на возачките и сообраќајните дозволи од утре ќе се врши бесплатно, а без надомест ќе бидат издавани и патните листови на македонските државјани во странство, кои немаат пасоши со „Северна“, а треба да се вратат во Македонија да ги променат, кажаа од Владата.

    Бесплатна ќе биде замената на возачките и сообраќајни дозволи, нема да се плаќаат ни патните карти во амбасадите

    Во државите каде што нема амбасада или конзулат, издавањето на патните листови ќе биде онлајн и со достава преку пошта.

    На прес-конференција, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека е задолжено МВР да ги замени без надомест возачките и сообраќајни дозволи за сите граѓани кои треба предвремено да ги сменат.

    „Министерството за надворешни работи, пак, треба да преземе активности издавањето на патните листови за сите граѓани коишто живеат надвор од територијата на Северна Македонија кои имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи надоместот за патните листови да биде нула или ќе биде без надомест за нив“, вели Битиќи.

    Од денеска, граѓаните без пасош со „Северна“ не можат да излезат од државата, согласно роковите од Преспанскиот договор со Грција, а рокот за промена на возачките е продолжен до 31 декември по вчерашните законски измени усвоени во Собранието.

    Личните карти без „Северна“ продолжуваат да важат за внатрешна употреба.

    (извор.сдк.мк)