×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бесплатно мерење на гликемија и крвен притисок по повод Светскиот ден на здравјето

    05.04.2024 14:00 | Оливера Пешевска

    Здружението на дијабетичари Куманово во соработка со Техничкото училиште „Наце Буѓони“, денеска организраше бесплатно мерење на гликемија и на крвен притисок на граѓаните во Соколанскиот парк во Куманово.

    Бесплатно мерење на гликемија и крвен притисок по повод Светскиот ден на здравјето

    На 5 пунктови прегледите ги вршеа ученици од здравствената струка по повод Светскиот ден на здрајето - 7 Април.
     
    „Времето е убаво и имаме доста интерес, луѓето ги интересира каква им е состојбата со гликемија и притисокот. Соработката со здравствената струка на техничкото училиште е редовна, секогаш ни излегуваат во пресрет кога имаме вакви активности, но и во одредени фирми, месни заедници, во руралните средини, така во ова прилика им се заблогадарувам за нивната соработка и учество во нашите активности“, истакна претседателот на здружението Зоран Бојковски.

    Ваквите акции се традиционални, се организираат секоја година. Во тековната 2024 планираат и одредени други активности, како што се предавања, трибини, работилници во склоп на одбележување на овој празник.

    „Дијабетичар сум повеќе од 15 години, од прв ден сум на инсулин, и задоволен сум од здравствената нега што ја добиваме. Понекогаш снемува инсулин, но тоа ретко се случува, а имаме секогаш и мала резерва. Генерално се води сметка за нас, како пациенти со хронична болест. Ги поздравувам и редовно ги посетувам ваквите акции, најчесто сум навремено информиран“, изјави Ѓокица Тасевски, пензионер од Куманово.

    Учениците од здравствена струка, медицинска сестра при Техничкото училиште „Наце Буѓони“ ги вршеа прегледите на граѓаните во акцијата. 

    „Се надевам дека и ова акција ќе ни биде успешна, заедно со учениците од втора и четврта година кои обавуваат практична настава. И ќе продолжиме многу скоро, на 12 Мај Светски ден на сестринството, со слични активности“, појасни професорката на стручни предмети во здравствената струка, Магдалена Трајановиќ.

    Училиштето традиционално го одбележува 7 Април, Светскиот ден на здравјето со низа предавања, презентации во соработка со Општа болница Куманово, Здружение на дијабетичари и други институции и компании со кои соработуваат нивните ученици, и каде одат на пракса.