×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Без квалитетно новинарство нема добро информирана јавност, кажа Чадиковски на потпишувањето на Повелбата за подобрување на условите за работа на новинарите

    30.01.2020 15:31 | KumanovoNews

    Новинарството е една од потешките и постресни професии и без квалитетни новинари не можеме да имаме добро информирана јавност, истакна претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, по потпишувањето на Повелбата за подобрување на условите за работа на новинарите и медиумските работници која ја иницираше ССНМ следејќи ги насоките на Европската федерација на новинарите.

     
    Без квалитетно новинарство нема добро информирана јавност, кажа Чадиковски на потпишувањето на Повелбата за подобрување на условите за работа на новинарите

    „Без квалитетни новинари и без квалитетно новинарство не можеме да имаме добро информирана јавност. Тоа не враќа кај условите за работа на новинарите бидејќи не може да имаме добро информирана јавност доколку новинарите работат во тешки и небезбедни услови“, рече тој и додаде дека Здружението на новинарите на Македонија секогаш ќе биде тука да излезе во пресрет и да даде поддршка за целосно имплементирање на Повелбата.

    „Ќе помогнеме дури и за проширување и надградување на истата бидејќи новинарството е динамична професија и нештата брзо се менуваат во овој сектор“, истакна Чадиковски.

    Претседателот Чадиковски ги поздрави и двата нацрт договори кои беа презентирани на истиот настан, а се однесуваат на вработувањата во онлајн медиумите. Тој рече дека ќе се заложи да ги убеди онлајн медиумите кои се дел од Регистарот на професионалните онлајн медиуми да ги преземат овие нацрт договори и да ги подобрат условите за работа на своите вработени.