Без лиценца вршел превоз на дрва
07.12.2019 13:43
| KumanovoNews
СВР Куманово поднесе кривична пријва против Г.С.(20) од с.Гошинце, Општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

На 25.07.2019 на пат кај брана Глажња - Липково, Г.С. со товарно возило „мерцедес“ вршел превоз на огревни дрва и дрвни сортименти без лиценца.