×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Без проблеми се одвива гласањето, на избирачкото место 1046 гласале околу педесетина граѓани

    15.07.2020 07:34 | KumanovoNews

     Два часа од започнувањето на изборниот процес на избирачкото место 1046 во Градска библиотека „Тане Георгиевски“ гласале околу педесетина граѓани.

    Без проблеми се одвива гласањето, на избирачкото место 1046 гласале околу педесетина граѓани

    Бисера Величковска, заменик член на комисијата на избирачкото место, вели дека гласањето започнало навреме и дека граѓаните ги почитуваат протоколите за гласање.

    „Денеска гласањето започна навреме. Овде бевме уште во 6 часот, спремивме се` и во 7 се отвори гласачкото место. Се` тече во најдобар ред. Досега излезеноста е добра, имаме околу 50 гласачи. Протоколите се почитуваат, се` се одвива со заштита и како што треба“, рече таа.  

    Граѓаните, коишто го остварија правото на глас се едногласни дека сите сакаат подобар живот.

    „Јас гласам секогаш, затоа што треба да се бориме за подобар живот. Од овој изборен процес очекувам да биде фер и демократки и да имаме подобро утре. Мерките се почитуваат, како што гледате, внатре не се создава никаква гужва“, додаде повозрасната граѓанка откако го оствари своето право на глас.

    Во Куманово денеска право на глас имаат 92.167 граѓани на 167 избирачки места.

    (Ф.Марковска)