Без проблеми течат подготовките за изборите, кумановци ќе гласаат на 167 избирачки места
Општинска изборна комисија Куманово, интензивно се подготовува за претстојните парламентарни избори кои треба да се одржат на 15-ти јули.

Како што рече, претседателот на Општинската изборна комисија во Куманово, Драган Јовановски, избирачките одбори се комплетирани, а на територија на Општина Куманово ќе се гласа на 167 избирачки места.
„Општинска изборна комисија Куманово согласно добиена известување од ДИК, во рамки на подготовките за престојните парламентарни избори, а согласно член 8-а од Уредба со законска сила за изменување и дополнување на уредба со законска сила за прашања поврзаби сонизборниот прицес на Владата на РСМ бр.44- 5295/1 од 10.06.2020 год. (Сл. Весник на РСМ бр.154 од 10.06.2020 ) од 16.06.2020 г. ги превзема и извршува сите неопходни и технички и административни активности заради подготовка на преостанати изборни дејствија“, потенцираше претседателот Јовановски.
Тој додаде и дека, согласно подготовките за изборните дејствија, во тек е и комуникација со членовите на Избирачките одбори заради информирање за престојните обуки кои ке се одржат во наредниот период.
(Ф.Марковска)