Без струја 17 села во Старо Нагоричане
18.03.2021 06:54
| KumanovoNews
Поради планирани прекини на дистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дури 17 села во општина Старо Нагоричане.

Според Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) во времетраење од 9:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат селата: Жегљане, дел од Стрновац, Стрновац пумпи, Драгоманце, Бонум, Малотино, Кокино, Арбанашко, Цветишница, Рамно, Пузаљка, Буковљане, Никуљане, Пелинце, Алгуња, Коинце, Гулиновац, Челопек, Царина Пелинце, Старо Нагоричане, Еврос Комерц и Моша млин.