Без струја делови на градот и две села
09.11.2020 06:57
| KumanovoNews
Потрошувачите на неколку улици во градот и на две села денеска ќе останат без електрична енергија .

Според ЕВН, прекин во снабдувањето ќе има на улиците Ѓуро Ѓаковиќ, Тоде Мендол, Караорман и Војо Карастојанов во периодот од 8 до 14 часот.
Денеска без електрична енергија ќе бидат и селата Лопате и Опае во времетраење од 8.30 до 14.30 часот.
За утре (10.11.2020) се најавува дека од 8 до 14 часот струја ќе нема на дел од улицата Ѓорче Петров (зад Екста Меин).
Од 08.30 до 14.30 часот во село Матејче.
Од 11 до 14 часот на улиците Ѓорче Петров, Бранко Радичевиќ и (фирма Екстра Меин).