Без струја делови од населбата Карпош
14.10.2021 07:14
| Сузана Николиќ
Повеќе домаќинства и стопански субјекти во населбата Карпош, денеска во одреден дел на денот ќе останат без електрична енергија.

Според ЕВН, во периодот од 7 до 7.30 и од 10.30 до 11 часот без електрична енергија ќе бидат стопанските субјекти и домаќинства од нас. Карпош-Бијана Трејд, Бијана Шус, Фраг Мак, Мега, Терма Лифт, ресторант Фемили, МасаПром, Ѓоше Млин, дел од Никуљански пат- Месна Индустрија Никси.
Од 08 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат и потрошувачите на ул. Ѓуро Пуцар Стари.