Без струја населби и делови од градот
11.04.2024 09:01
| KumanovoNews
Прекини во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе имаат потрошувачите на неколку улици во градот и во две приградски населби.

Од 08.00 до 13 часот без струја ќе биде ул. Белановска во близина на маркет Нама Ком, во населбата Доброшане.
Во периодот од 09.10-10.30 часот прекин ќе има на улиците: Индустриска, Илинденска, Ибе Паликуќа и бензинска станица Лукоил на автопат Романовце.
Од 08.00-14.00 часот без струја ќе биде дел од улица 300 во н. Ајдучка Чешма од Трафостаница кон Зебрњак.