Без струја неколку локации во Куманово
24.02.2026 09:00
| KumanovoNews
На неколку локации во Куманово најавен е прекин на електричната енергија.
Според информациите од ЕВН Македонија, денеска од 8 до 14 часот без струја ќе бидат потрошувачите на улицата „Драган Стопаревиќ“, на потегот од улицата „Васил Драгомански“ до семафорите кај Третата МУБ.
Од 8 до 9 часот прекин ќе има на улицата „Вараждинска“, а од 8:30 до 14 часот без електрична енергија ќе останат и жителите на селото Винце.
За утре, 25 февруари, најавен е прекин од 8 до 14 часот во месноста Донков Млин и на Аниште.