Без струја повеќе населби и села
29.07.2017 07:00
| KumanovoNews
Потрошувачите на повеќе населби и села, денеска ќе останат без електрична енергија.

Според соопштението од Регионалниот центар за управување со кризи, во периодот од 8 до 14 часот без електрична енергија ќе биде дел од населбите Зелен рид и Вера Которка и селата Орашац, Доброшане и Шупли камен.
Струја ќе намаат и неколку населени места во општината Старо Нагоричене.
Од 8.30 до 15 часот, прекин во електроснабдувањето ќе има во селата Пелинце, Гулиновац, Муталово, Никуљане, Чолопек и Коинце.